Нада Топчагиќ го врати Ролс Ројсот оти пристигнал откако поскапело горивото, а тој трошел многу

Популарната пејачка Нада Топчагиќ го врати автомобилот „Ролс Ројс“ бидејќи пристигнал откако горивото поскапело, а тој трошел 25 до 30 литри гориво на 100 километри. Таа објави фотографии од него на својот Фејсбук профил, велејќи дека сепак ќе му остане верна на својот стар автомобил.

„Ролс Ројсот конечно пристигна, феноменален е, но го враќам, бидејќи пристигна во време кога горивата поскапеа, а троши околу 25-30 литри на 100 км. Сепак, се враќам на мојот Ренџ Ровер“, напиша Нада.

Пејачката со својот статус предизвика бројни реакции.

„За Ролс-Ројс се има, ама не и за гориво“, „Ма, поевтини бензинот“, „Надо кралице“, „Плачам од смеење“, „Што е тоа за тебе, ти можеш“, „Нада е победник на годината“, се дел од коментарите.

Иако го врати Ролс Ројсот, Нада сепак се фотографираше во него.

 

Scroll to Top