Нада Топчагиќ: Ја турнав дадилката по скали и за малку ќе ја убиев, ме крадеше и ми го остави синот гладен

Пејачката Нада Топчагиќ откри како за малку ќе убиела девојка која работела во нејзината куќа како дадилка и чистачка. Сето ова се случило кога открила дека ја крадела и дека и го оставала синот гладен. Пејачката се присетила на ситуациите кои ги имала со жените кои некогаш работеле во нејзиниот стан како дадилки и куќни помошнички. Една од нив дури ја довела во ситуација да ја убие и тоа е случка за која вели дека ќе ја памети цел живот.
„Мојот син имаше само седум месеци. Јас бев во Канада. Ми се јави сосетката и ми вика дека ја видела вратата од станот отворена. Кога влегле внатре мојот Микица сам во креветчето, плаче, а таа ми украла се и побегнала. Го оставила детето само со отворена врата. Дури и ги украла и работите на бебето“, се присетува Нада на оваа ситуација.

После оваа, таа не ангажирала жени, но за една Нова Година морала да најде девојка која ќе и го чува синот. “ Е оваа ја турнав оваа по скалите, можев да ја убијам. Толку ја тепав што не беше свесна што и се случи. Се сеќавам како да беше денес. Се спремам да пеам новогодишна ноќ во Ужице, четири попладне, таа доаѓа и ми вели дека нема да се грижи за моето дете затоа што ќе оди на забава“, вели таа. „Јас ѝ велам: „Каква Нова година, све да ти ебма, седи тука… И оваа почна да бега од станот со полна торба. Ми ги украде работите, ги најдов моите работи во нејзината чанта. Потоа ја турнав по скалите, се стркала како топка. Тогаш не мислев дека можам да ја убијам. Потоа си го земав детето со мене и отидов да пејам за Нова година“, раскажала Нада Топчагиќ

Scroll to Top