Нада Топчагиќ одби награда за животно дело

Сојузот на естрадно-музички уметници на Србија неодамна ги додели наградите за животно дела на Лепа Брена, Снежана Ѓуричиќ, Билјана Крстиќ, Миња Субота, Лепа Лукиќ, Снежана Савиќ, Радмила Смиљаниќ и Гордана Лазаревиќ. Меѓу лауреатите беше и Нада Топчагиќ, но таа одби да ја прими наградата.

„Кога даваат награда за животно дело, тоа значи дека е крај на кариерата и на животот, барем јас така гледам. На кого и да му ја доделат, тој бргу потоа умира. За испраќање фали уште ковчег да ми спремат. Затоа одбив да ја примам наградата, но наскоро ќе добијам друга, која ја направија според мојата желба“, рекла пејачката.

Scroll to Top