Нада Топчагиќ разочарана од Сузана: Се сликаше гола кога беше стара, сега се лути за топлес фотката што сум ја објавила

Откако пред неколку дена фолк-пејачката Нада Топчагиќ објави слика на која таа и Сузана Манчиќ се топлес на црногорското приморје пред 30 години, двете дами требаше да гостуваат во шоуто на Огнен Амиџиќ. Но, во шоуто дошла само Нада, а Сузана откажала во последен момент, со објаснување дека наводно заглавила во Босна оти ѝ се расипала колата. Ова, ја разочарало Нада, која не криела дека сака да се види со Сузана по објавената слика.

„Многу ме разочара. Ако не дојде поради мене и ако ми забележува што ја објавив фотографијата, тогаш требаше да ми каже, а не да бега. Иако, не знам зошто би ѝ пречело, кога на сликата е преубава и згодна, буквално како барбика. Се сликаше гола за „Плејбој“ кога веќе беше стара, и тоа е океј, но ова не е?! Не разбирам,“ рекла Нада.

Таа додала и дека тој ден ѝ починала кумата од корона, но таа сепак решила да биде професионалец и да дојде во „Амиџи шоу“ како што ветила.

(Фото) Нада Топчагиќ и Сузана Манчиќ топлес

Scroll to Top