Надежџа Билјиќ тврди дека таткото на познат поп пејач пред неколку години и турил дрога во пијалокот и ја силувал.
Поранешната ѕвезда на „Гранд“, и „Пинкови ѕвезди“, тоа го откри додека цимерите во ријалити шоуто „Задруга“, Милан Милошевиќ и Мики Џуриќ, зборувале за естрадата. Таа раскажа како добила непристојни понуди од мажите од светот во шоу бизнисот.
Пред седум години
„Се се имам изгледано и слушнато. Има да ти дадам изјава кога ќе излеземе надвор за еден човек кој ми даде непристојна понуда, а ќе ти кажам и зошто. И ден-денешен ме вика. Ми тури нешто во пијалокот и не знам. Се разбудив гола во неговиот стан. Тоа беше време кога се емитуваше „Првиот глас на Србија“, во 2011 година. Не знам што правел со мене, раскажа пејачката.
Нејзиниот цимер шокирано ја праша:
„Дали е тоа таткото на Саша Ковачевиќ?“
Тогаш таа се тргнала и му рекла: „Псст“, покажувајќи со прст кон Милан да молчи.
„Слушнав за него се и сешто“, изјави Милошевиќ алудирајќи на естрадниот менаџер Драган Ковачевиќ.
Билјичева тогаш призна дека поради тоа ја баталила јавната работа.
„Јас поради тоа се повлеков од естрадата. Му реков дека нема да ја прифатам неговата понуда“, изјави Надежда.
Нејзината мајка молчи
Милан ме праша дали може да провери дали ја силувал, а Мили шокиран ја прашал зошто не го тужела.
„На основа на што? Дали си свесен кој е тој, колку е силен во музичка смисла? Мислиш дека сум прва и единствена?“, изјави Надежда и додала:
„Кога би кажала работи кои колегите ми ги кажуваат во доверба, некој би ме убил!“.
По тој повод новинарите се обиделе да контактираат со Драган и Саша, а тие преку нивните пијар служби порачале:
„Немаме коментар за таквите глупости“.
Од друга страна, мајката на Надеждина, Славица одби да говори за овој случај.
„Не сакам да зборувам за тоа“, кратко изјавила Билјичева.