Наеднаш ослабе па уште позираш и за руско списание, фановите ја нападнаа Хурем

Актерката  Мерјем Узерли, позната и по улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, неодамна се породи по вторпат, а сега одлучи да позира и ја покажa новатa фигура за руското списание Hello.

Веднаш беше нападната од фановите кои ѝ замерија за тоа што позирала за руски магазин. Тие ја прашаа зошто не зборува за војната во Украина и ѝ кажаа дека со ова си го покажала вистинското лице.

„Да се сликаш за руско списание не е нешто на што би требало да бидеш горда, напротив треба да се засрамиш. Додека целиот свет ја поддржува Украина, ти им правиш реклама на Русите, срам да ти е. Зар не би требало да им ја кажете вистината на вашите фанови чии мозоци се главно испрани од руската пропаганда. Ме растажувате затоа што мајка на две деце молчи додека Русите ги гранатираат родилиштата во Мариопол.

Имаше и такви кои помислија дека затоа што наеднаш ослабела по породувањето имала и здравствени проблеми. Таа претходно имаше неколку депресивни епизоди, а еднаш се обиде и да се самоубие.

За потсетување, Хурем остана бремена со брокерот и бизнисмен Кан Атес (52), кој е 17 години постар од неа. За време на снимањето на јубилејната 100-та епизода на „Сулејман Величествениот“, таа побегна од сетот, за подоцна да се дознае дека нејзиниот поранешен вереник Атеш ја наговорил да абортира ѝ ја избркал од станот. Поради тоа имала чести епизоди на депресија, но на крајот решила да ја роди својата прва ќерка Лара. 

Scroll to Top