Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ ќе стане татко

Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе ќе стане татко. Неговата свршеница Сашка Веселинов е бремена, а убавите вести ги објавија само неколку дена по свршувачката на Калемегдан во Белград. Ѓорѓе ја побарал на вообичаена прошетка. Свадбата ја закажаа на 12 септември.

За потсетување, Сашка неодамна отворено зборуваше за својот живот, запознавањето на Ѓорѓе и призна дека земале нов стан и се преселиле во нов.

„Неофицијално живееме заедно од првиот ден. Живеев во центар во стан под кирија и од првиот ден беше таму со мене. По дваесетина дена запознавање, отидовме заедно на море и останавме таму две недели. Кога се вративме, дојде кај мене и ми рече: „Не можам повеќе да ги носам овие работи“, бидејќи зема торба, ја полни со работи неколку дена, ми ја носи, па ја менува и слично. Потоа само рече: „Би сакал една дестинација да ни биде дом, да се вратиме во истата куќа по патувањето“. И така го започнавме нашиот заеднички живот и навистина е убаво чувството“, раскажала Сашка.

(Видео) Најмалиот брат на Новак Ѓоковиќ се сврши, девојката ја побара на Калемегдан

Scroll to Top