Најпознатата лото девојка на поранешна Југославија покажа како изгледа по естетската операција

Сузана Манчиќ, најпознатата лото девојка на поранешна Југославија, по пластичните операции на Инстаграм се пофали со својот изглед.

Таа откри дека отишла на корекција на очните капаци и покажа како неодамна ги отстранила конците, а на фотографијата се лузните од операцијата.

„Утре ќе поминат точно седум дена од корекција на очните капаци, вчера ги тргнавме конците. Ми се допаѓа, задоволна сум“, напиша таа.

Медиумите потсетуваат дека 67-годишната поранешна водителка во 2004 година позираше за насловната страница на српското издание на „Плејбој“, и изјави дека е најплатената во историјата на српското издание на тој магазин.

Scroll to Top