Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ
Една од најраскошните свадби на Балканот беше свадбата на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ. Тие се венчаа на 28 јули 2008 година, а прославата иако ја криеја од јавноста, познато е дека тоа била една од најдобрите забави таа година. Тие биле во врска две години пред да стапат во брак. Свадбената веселба ја организирале во хотел во Белград. Нејзината венчаница требало да ја дизајнира Дарко Костиќ, кумот на Душко, но пред свадбата се тргнало наопаку. На крајот, венчаницата сама ја креирала. Таа имала бела, свилена венчаница, на која биле сошиени дури четири килограми кристали. Бурмите чинеле 5.000 евра, а на гостите им била послужена храна на две големи шведски маси и се пиело скап шампањ.
Новак и Јелена Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ и Јелена по долгогодишна врска одлучиле својата љубов да ја крунисаат со брак. Свадбата ја организирале на плажата кај Свети Стефан, а имало приближно 140 гости. Еден од нив беше тенисерот Борис Бекер. Влезот до медиумите бил забранет, а церемонијата се одржала под будното око на обезбедувањето. Гостите се забавувале под луксузни шатори, а столовите биле обложени со злато само за оваа пригода.
Што се однесува до храната, се служеле традиционални црногорски и српски јадења, како и јадења од менијата на најпрестижните светски ресторани. Првата брачна ноќ младенците ја поминале во познатата вила 118 која денес се вика апартман Свети Стефан, а ноќевање таму чини 3.500 евра.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ
Раскошна свадба имала и Лепа Брена која на 7 декември 1991 година се омажи за Боба Живојиновиќ. Церемонијата се одржала во хотелот Интерконтинентал, најлуксузниот хотел во Југославија. Младенците ги пречекале гостите во фоајето, а потоа Брена облекла елегантен, син фустан. Пејачката за церемонијата носела венчаница на Диор, дизајнирана специјално за неа. На гостите им биле понудени дури 650 видови различна храна, а тортата била на пет ката. Имало 500 гости, а венчавката била толку посебна што младенците ја прекинале емисијата „Дневник 2“ за да можат во живо да се приклучат во програмата.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ
И синот на Боба, Филип Живојиновиќ не штедел при организирањето на венчавката со пејачката Александра Пријовиќ. Дваесет и први јули 2018 година бил резервиран за настанот на годината. Свеченоста се одржала во црквата Свети Васиљ Острошки, а кумови биле Милош Теодосиќ и Ацо Пејовиќ. На свадбата имало приближно 900 гости, а украсувањето на салата чинела 70 илјади евра. Тие резервирале соби за 120 гости во луксузен белградски хотел. Свадбата била под силно обезбедување, дури 60 телохранители ги обезбедувале.
Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов
Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ се ожени со сопругата Сашка во септември 2022 година, а свадбата траела три дена. Венчавката се одржала во црквата Свети Марко во Белград. На самата венчавка биле само најблиските членови на семејството и пријателите. Прославата се одржала во Црна Гора, во градот Херцег Нови. Тие се обиделе да ја задржат венчавката во тајност, но некои детали брзо станаа познати. Сашка и Ѓорѓе до последен момент ја криеле точната локација на венчавката дури и од гостите. Само еден час пред свадбата им било кажано каде да дојдат. Наводно, братот на Новак искеширал 150 илјади евра само за превоз и сместување на гости. На свадбата биле послужени само најдобрите пијалоци, но и специјалитети од светската кујна.
Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ
Српската пејачка Сека Алексиќ за време на брачната ноќ сменила дури 6 фустани. Таа се омажи за Вељко Пиљикиќ на 12 септември 2010 година во еден белградски ресторан. Гости биле членови на семејството и пријатели на двојката, а присутни биле и бројни познати ѕвезди. Нивната свадбена торта тежела дури 40 килограми, а гостите се погрижиле да изберат 50 видови вино. Храната се служела на шведска маса долга дваесетина метри.