Српската пејачка Наташа Беквалац денес требаше да оддржи концерт во А1 Арената, но тој е откажан. Се зборува дека наводно таа го откажала коцертот поради свои лични причини.
Веста ја објави продукцијата Балкан Медиа, која испрати соопштение преку официјалните мрежи, Фјесбук и Инстаграм.
„Со големо жалење и разочарување сакаме да Ве известиме дека концертот на Наташа Баквалац ќе биде одложен и за новиот датум ќе информираме во најкраток можен рок. Купените влезници и ВИП пакети може да се вратат од местото каде што се купени, или да се зачуваат за новиот датум за кога ќе важат“, стои во нивното соопшение.
На нејзиниот Инстаграм профил можат да се забележат приказни од синоќешниот настап во Нови Сад, додека објавата на Балкан Медиа не се најде меѓу нив. Но и нејзината официјална фан-страна стои без коментар за откажаниот концерт.
Концертот сè уште се наоѓа меѓу актуелните настани, но оневозможено е купување карти за истиот.
Наташа Беквалац во Скопје, конечно концерти по долгата пандемија