Наташа Беквалац во Скопје, конечно концерти по долгата пандемија

Српската пејачка Наташа Беквалац на 26 јуни ќе има концерт во Скопје. Настапот е на платото пред „Арената А1“ и, конечно, по долгата пандемија, малку забава за македонската публика. Ова е прв концерт што го најавува „Балкан медија“, а од таму велат дека имаат во план уште неколку пејачи од регионот да настапуваат во земјата. Беквалац неодамна настапи во Белград, првпат по корона-кризата, ама, за жал, настапот беше прекинат оти сплавот на кој пееше почна да тоне.

Scroll to Top