Наташа Беквалац нема да присуствува на денешното судење на Лука Лазукиќ

Денеска во Првото основно обвинителство ќе биде продолжено судењето на Лука Лазукиќ, кој беше пријавен од сопругата Наташа Беквалац за семејно насилство.

Српската пејачка, која вечерва ќе има настап на еден белградски сплав, вели дека соругот физички ја нападнал во ноќта меѓу 13 и 14 април во нејзиниот стан на Дедиње, по што поднела кривична пријава против Лука. Сега правдата ќе ја бара на суд.

Сопружниците за првпат по инцидентот се виделе на 2 јули, кога почнала судската постапка. Во судницата минале само неколку минути заедно, а Наташа набрзо потоа го напуштила судењето затоа што постапката била одложен поради фактот што Лука имал пет бранители.

Наташа ни денеска нема да присуствува на судењето, но вечерва ќе настапи на белградскиот спал „Ривер“. Разочарување што нема да може да присуствува на настапот на Наташа, на социјалните мрежи сподели сестрата на Лука, Ана Калиниќ.

„Ете што ќе пропуштам утре… Затоа што ме изморивте со политика преку Дрина!!! Не ја забележав веста за утрешниот настап, но верувам дека ‘Ривер’ повторно ќе биде полн. Драги луѓе, затоа вие не пропуштајте ја вечерта во ‘Ривер’. Минатиот пат беше феноменално!!! И сега, нека се јават оние кои можат барем 2 пати во вака краток временски период да пеат на ‘Ривер’“, напишала Калиниќ на својот фејсбук-профил.

 

 

 

 

Scroll to Top