Наташа Беквалац објави фотографија по породувањето

Српската пејачка Наташа Беквалац се породи вчера, а денеска веќе објави прва фотографија од болница. Таа им се заблагодари на сите за убавите желби.

„Тешко е да го искажам тоа што го чувствувам. Вчера во 16:27 ја родив Катја. Благодарам на љубовта, убавите зборови и желби, поддршката“, напиша таа под фотографијата од болница.

Наташа се породи вчера со царски рез во приватна болница. Цело време со пејачката бил сопругот Лука.

Scroll to Top