Наташа Беквалац се разведува

По неполни осум месеци брак, пејачката Наташа Беквалац утре ќе поднесе барање за развод, пишуваат српските медиуми.

Пејачката вчера поднела кривична пријава против сопругот Лука Лазукиќ кој ја претепал, а штом во понеделник почнат со работа судовите, таа ќе поднесе и официјално барање за развод за што поскоро да ја заврши драмата што ѝ се случчува, велат медиумите во Србија. Според нив, таа ќе бара целосно старателство над нивната едномесечна ќерка Катја.

Лука Лазукиќ беше уапсен вчера, а по неколку часа беше пуштен на слобода. Полицијата му забрани да ѝ се приближува на пејачката.

Според тврдењето на Наташа пред полицијата, инцидентот се случил вчера утро околу 4 часот кога Лука се вратил пијан дома, а таа нашла љубовни пораки во неговиот телефон. Почнала расправија по која тој физички ја нападнал. Од тепањето, освен модринки и гребнатини на телото, Наташа имала и потрес на мозокот.

 

Scroll to Top