Натпреварувач на „Гранд“ и сопругата среде емисија го открија полот на бебето

Натпреварувачот на „Гранд“, Ненад Костов од Ниш заедно со сопругата која беше негова поддршка во бекстејџот додека тој пееше на сцената го открија полот на бебето кое го чекаат.

Саша Поповиќ ја покани сопругата на Ненад да излезе на сцената, додека кандидатот откри дека чекаат бебе и дека токму таму ќе го дознаат полот на бебето.

„Војо, ти ќе бидеш кум“, додаде водителката Сања го носеше балонот на сцената.

Парот рече дека полот не е важен,бидејќи веќе имаат и син и ќерка. Кога кандидатот Ненад Костов го пукна  балонот, излегоа многу мали сини балони, со што во нивното семејство доаѓа уште едно момче.

 

 

Scroll to Top