Откако пред неколку дена ја објави веста на социјалните мрежи дека е позитивна за коронавирус, Северина реши да зборува за тоа како во моментот се чувствува, иако вели дека нема никакви симптоми.
„Јас сум во ред, сите мои се добри и здрави. Семејството и пријателите кои сум ги видела во текот на летото. Туристичките работници се грижат, одговорни се и се придржуваат кон мерките за некако да ја надминат оваа сезона. И гледам некои упорно ме туркаат на забави во кои не сум била. Секој има право да се релаксира, да оди на одмор или слично, но да ги почитува мерките. Ама што е со свадби, родендени или собири? Е, тука има голем проблем “, рече Северина.
И додава: „Никој кој е заразен не е виновен. Може да му се случи буквално на секој од нас. Никој од нас не знае дали вирусот ќе го фати и никој не знае дали е имун на тоа. Да се заштитиме едни со други и да не судиме. Ги повикувам сите луѓе да не ги третираат позитивите на корона како лепрозни, особено во помалите места “, рече пејачката.