„Не доаѓајте ми на гробишта туку направете забава во бело со добра музика“ – објавена последната желба на Исидора Бјелица

Зорана Павиќ  се прости од блиската пријателка, писателката Исидора Бјелица, која почина од карцином на јајчниците. Откако поминаа 40 дена од смртта, Зорана реши да ѝ ја исполни последната желба и да направи забава, онаква каква што Бјелица побарала од неа пред смртта.

Забавата ќе биде организирана за викенд, а на неа треба да присуствуваат блиските пријатели и соработници.

„Бела бајка за Бјелица“, ќе се вика последното простување од легендарната писателка, а гостите по желба на Исидора треба да бидат облечени во бело.

Ден по смртта на Исидора, Зорана со јавноста ја сподели порака која ѝ ја испратила писателката по добиените лоши резултати.

„Веќе не делува ебената хемо, маркерот расте. Ќе пробам уште нешто, но судејќи по сè нема големо фајде. Елем, не ти пишувам за да кукам, затоа што во мојот случај тоа е ситуација која ми здодеа и мене, и на Бога, и на луѓето, туку да те замолам нешто. Премногу ги сакам луѓето за да ги малтретирам да одат на толку непријатно место како што се гробиштата или уште, не дај Боже, на некои здодевни академии каде што сите ќе се задушат од досада. Бидејќи ти на чуден начин подобро од сите мои пријатели го сфаќаше мојот сензибилитет и мојот хумор, те овластувам за една работа – кога ќе заминам во вечните ловишта, да организираш забава со многу добра музика и бел дрес код, затоа што јас сум Бјелица не Црница, и напишала Исидора пред смртта на пријателката. Семејството се согласи да има забава, но рекоа дека дека нема да присуствуваат ниту да ја помогнат организацијата.

Scroll to Top