Премиерот Андреј Пленковиќ денеска објави дека на владина седница е одлучено Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања кој земјата ја претставуваше на овогодишната Евровизија, да добие парична награда од 50.000 евра. Но, тој нема да ја прифати.
Вели дека има многу на кои тоа им треба повеќе од него, а напиша и на кого би сакал да ги донираат парите.
-Им благодарам на хрватската Влада за паричната награда во износ од 50.000 евра. Сепак, не можам да ги прифатам тие пари. Би можел да дадам многу причини зошто, но првата, најважна и доволна е дека има многу други поединци и организации на кои овие пари ќе им помогнат многу повеќе“, напиша тој на Инстаграм.