Лепа Брена вели дека едвај чека да дојде март, кога пејачката Александра Пријовиќ, сопругата на Филип Живојиновиќ, ќе се породи . Како што истакнува, ова е време кога, според неа, младата Александра би требало да го остави микрофонот и во целост да се посвети на бременоста.
-Искрена да бидам, тоа е нејзина одлука. Но јас не сакам да гледам жени на сцена кои играат и пеат, а имаат голем стомак и постојано се вртат во некои здолништа. Тоа е многу специфичен однос, кога носите дете во себе. Мислам дека за малку посериозни трудници, тоа сепак не е во ред – вели Брена, која со задоволство ја советува Александра кога таа ќе и побара совет.