Не плачете, ги тешеше Колинда фудбалерите на Хрватска

Два дена откако Хрватска беше поразена од шпанската репрезентација (0:6) се јави претседателката Колинда Китаровиќ да ги теши своите фудбалери.

„Главата горе ‘ватрени’. Секој од нас може да има ‘лош ден’, но вашето сребро никогаш нема да избледи во нашите срца. Тоа што вие го направивте за промоција на Хрватска и колку среќа ѝ донесовте на нацијата не може ништо да го замени. Со вас сме и во порази и во победи, бидејќи вие сте гордоста на Хрватска“, напиша  на својот фејсбук-профил Колинда, која со својата појава го привлече вниманието на СП во Русија.

Scroll to Top