„Не знаев дека бев бремена“, Емина Јаховиќ прозборе за губењето на бебето

Популарната пејачка Емина Јаховиќ се отвори пред медиумите и прозборе за времето кога престојвуала во Белград и кога била бремена, а не била свесна за тоа.

Откако се вратила во Истанбул, таа доживеала спонтан абортус.

„Завршив некои од обврските во Белград и не знаев дека сум во блажена состојба. Дознав дека сум трудна, дури откако се вратив во Истанбул. Нешто не беше во ред со плодот и го изгубив бебето. Ако се случи, би сакала да родам уште едно дете и би сакала тоа да биде девојче“, раскажала Емина.

Емина има два сина, Јаман, кој слабо зборува српски јазик и Јавуз кој одбива да го научи нејзиниот мајчин јазик. Пејачката вели дека во Турција и недостигаат разговорите со своите деца на српски јазик.

„Постариот син Јаман разбира и говори на српски, но слабо. Смешен е кога ќе почне да зборува, затоа што многу од зборовите не ги изговара правилно. Помладиот син Јавуз одбива да научи српски и со него комунициран исклучиво на турски“, вели пејачката.

„Ми недостига разговорот со децата на течен српски јазик. Понекогаш се случува да кажам и нешто што не треба, а тоа одма го разбираат“, се шегува Емина.

Scroll to Top