Неда Украден: Добив две понуди за брак

By

Пејачката Неда Украден проговори за својот љубовен живот и откри дека добила две брачни понуди.

„Имам една долгогодишна брачна понуда и една актуелна. Јас засега си ја сакам слободата, но можеби ќе се одлучам и за брак. Уште сум млада и животот е пред мене“, изјавила пејачката за медиумите.

Таа проговори за своите претходни љубовни врски. Вели дека тие биле долги, драматични и необични. Неда верува во вистинска љубов, а неодамна призна дека е заљубена. Таа вели дека никогаш не е доцна за нов почеток.

„Не бев отсекогаш способна да ја препознам вистинската љубов. Сакав некои луѓе што не беа вредни за мојата љубов. Верувам дека никогаш не сум сакала како што треба да се сака, барем не во мерка во која тоа треба да се прави“, изјавила Неда.

Пејачката вели дека за секоја вистинска љубов потребни се заемно почитување, поддршка и дивеење меѓу партнерите.

„Врската меѓу две лица мора да биде од таков карактер што нема да биде досадна и за двете страни. Ако е досадна, ако љубовта се зема здраво за готово, тогаш таа нема иднина“, вели Неда.

Пејачката неодамна го прослави својот 70. роденден. Таа вели дека сакала да направи гламурозна прослава, но поради пандемијата на коронавирусот, се собрале само блиските пријатели и семејството.

Ќе ви се допадне