Неда Украден ја тужи Република Хрватска

Пејачката Неда Украден (70) поднесе тужба против државата Хрватска, градот Имотски и птотив 26 членови на нејзиното поблиско и подалечно семејство за и таа да добие дел од наследството во нејзиниот роден град.

Веста за тужбата на Неда ја објави порталот Империјал.нет, заедно со слика од судските записи и тужбата. Иако спорот пејачката го почнала лани во јануари пред општинскиот суд во Макарска, тој дури сега се дозна во јавноста. Целта на Неда, наводно, е да добие дел од имотот што ѝ е оставен од нејзиниот дедо, оти таа е родена и првите неколку години живеела во Имотски.

Пејачката никогаш не ги криела своите хрватски корени и вели дека во Имотски поминала многу убави моменти како дете. За време на воениот конфликт во ’90те години, нејзината родна куќа во Хрватска била урната, па таа веќе не можела да оди таму. Од Имотски, Неда со нејзините родители се преселила во Сараево и таму живеела од крајот на ’60-те години. Во 1992 година  поради војната таа со своето семејство се преселила во Белград, каде што живее и денес.

Scroll to Top