Неда Украден купи кола од 50.000 евра откако бараше пари од државата за да преживее

Српската пејачка Неда Украден пред неколку дена објави слика на „Инстаграм“ на која вози „јагуар“, а кој чини околу 50.000 евра. Според „Курир“, пејачката ја купила колата неодамна, иако претходно бараше субвенции од државата за да може да преживее во време кога на криза, ни таа, ни нејзините колеги, немаат настапи.

Тогаш Неда ја нападнаа и Аца Лукас и уште неколку српски музилари, кои јавно рекоа дека е срамота пејачка како неа, која сигурно има многу пари, бара минималец од државата.

Инаку, според „Курир“, Неда претходно возела бел џип „мерцедес“, чија вредност е скоро 40.000 евра.

Scroll to Top