Српската пејачка Неда Украден ја прекори нејзината колешка Лепа Брена велејќи дека ја видела во некои портали како излегува од својата куќа за време на полициски час. Таа вели дека Брена претставува лош пример за другите пренесува Express.
„Не разбирам како јас можам да седам дома во мојот стан, а тоа не може да го направи Брена во нејзината куќа“, вели Неда, која објасни дека таа претставува лош пример за народот кој ги следи естрадните личности и нивното однесување.
Неда вели дека естрадата треба да биде пример за луѓето, да ги поттикнува во вакви времиња да останат дома, а не да излегуваат, како што тоа го прави Брена. Ваквите коментари на Неда, Брена засега ги нема коментирано.
Таа секојдневно со својот бенд пренесува онлајн концерти во живо. Од својот дом. Неретко ги покажува своите емоции поради пандемијата со коронавирусот, кој го зафати целиот свет.
„Мојот бенд има семејство и настојувам да работам поради нив. Немам потреба да имам многу концерти, а првпат во кариерата ми се случи да не работам месец дена. Сакам да дадам мал придонес и да ѝ покажам на публиката дека можеме да пееме без разлика на целата ситуација“, изјавила Брена во емисијата „Утро“.
Додека Брена пее, Неда неодамна изјави дека е загрижена поради нејзината финансиска ситуација, со оглед на тоа дека пандемијата со коронавирусот ги погодила естрадните работници.
„Ретко некој да не е загрижен. Јас досега откажав десетина концерти. Секогаш пејачите се слободни стрелци, но сите имаме некакви обврски. Исто така сакам и на моето семејство да му оставам нешто. Не сакам да бидам само една Неда која пеела, а не им оставила ништо на децата. Нека ме паметат не само по песните, туку и по она што ќе им го оставам“, изјавила Украден за српските медиуми.
Неда апелира до надлежните органи во рамки за помош за претприемачи и бизнисмени, финансиски да им помогнат и на пејачите кои не работат за време на пандемијата и немаат парични примања.
–