Неда Украден: Не ми паѓа на памет да пеам тајно за 30 луѓе во затворен простор

Пејачката Неда Украден вели дека нема намера да прифати некоја од понудите што стигнале до неа за пречек на Новата година. Таа вели дека не сака да пее тајно за триесетина луѓе во затворен простор. Неда е меѓу првите што апелира да им се помогне на музичарите во овој период.

Но, иако ситуацијата е тешка, особено за музичарите, таа апелира ваквите настапи да не се организираат.

„Имам голем број понуди и веројатно ќе доаѓаат уште. Но, да одам во затворен простор и да пеам тајно за 30 луѓе, не ми доаѓа на памет. Јас се радувам на собирањата на плоштадите за Нова година. На луѓето тогаш можеш да им препорачаш да се облечат добро, да стават маски, дека е отворено и дека шансите да се заразиш се минимални и не се како оние во затворен простор, на мала површина, каде што доволно е само еден да е заразен и да ја симне маската, па сите да настрадаат. Но, тоа е нешто за што треба одговорните да мислат. Јас сигурно нема да умрам од глад ако не пеам за пречекот на 2021 година. Но, не е лесно и ако не работиш со месеци“, вели Неда.

Пејачката откри дека ситуацијата е тешка особено во нејзината бранша.

„Јас веќе на таа тема имам многу зборувано. Да не испадне дека само се жалам. Јас сум една од последните што треба да зборува за тоа. Зборував и во име на мојата бранша. Ова е време кога се брише уметноста. Не само музиката, туку и спортот и туризмот и сите активности поврзани со јавноста и публиката, кои, на крајот на краиштата, се најголемите жртви на Ковид-19.

Неда вели дека тешко е да им се објасни на луѓето шот немаат никаква емпатија и солидарност. За жал, Неда вели дека нивната бранша не е обединета. Луѓето трпат и се на работ на егзистенцијата.

„Еден музичар, кој има семејство и кој работи и живее само од тоа, верувајте му дека е во голема криза. Сите се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња, дека ќе се спасиме и со таа вакцина“, порача Неда.

 

 

Scroll to Top