Неда Украден во костим за капење го прослави 67. роденден

Пејачката на посебен начин го одбележа прекрасниот ден и повторно покажа дека филтрите и фотошопот ни најмалку не ѝ се потребни.

Неда Украден, денеска, 16 август, го прослави 67. роденден, а славењето го почна на малиот ексклузивен остров Корчула, каде што пејачката во моментот ужива.

„Домаќините од Оребиќ кај што гостував претходната ноќ приредија вистинска роденденска забава, всушност, неколку часа порано!“, изјави пејачката.

„Не е важно колку години имате во животот, туку колку живот имате во годините!“, заклучи Неда, која на овој значаен ден за неа позира во костим за капење и повторно покажа дека годините не ѝ можат ништо.

 

Scroll to Top