Нема полошо од пеењето на Сека Алексиќ

Јелена Карлеуша повторно ја прозва Сека Алексиќ поради нејзиното пеење во живо во емисијата на Огњен Амиџиќ, во кое Сека со својот сопруг гостуваше претходната ноќ.

Иако во моментов Карлеуша е со својот сопруг Душко Тошиќ во Истанбул, Јелена очигледно го забележала делот од емисијата во кој Сека пеела во живо, па не одолеала, а да не го коментира на „Твитер“.

„Единствено нешто што можела полошо да го изведе Сека од она јавно бодење  нож во грбот на Дара Бубамара е да пее во емисија во живо“, напишала Карлеуша.

Слушнете како Сека пеела во живо во емисијата „Амиџи шоу“:

Scroll to Top