Ненад Пагонис си замина од семејниот дом

Кикбоксерот Ненад Пагонис, кој се прослави со реалното музичко шоу ТЛЗП, ја остави неговата невенчана сопруга, актерката Маја Брукнер. Тој си замина од семејниот дом, каде што со Маја живееше девет години. Според српските медиуми, несогласувањата меѓу нив биле големи и сè почести во последно време, па Ненад решил да стави крај на врската.

Не е првпат парот да раскине. Пред да ги добијат нивната ќерка Теса (4) и синот Владимир (3), тие неколкупати се разделувале и смирувале, а Пагонис за нив двајцата во едно интервју рекол дека се како „рогови во вреќа“.

Инаку, Ненад и во моментов се натпреварува во ТЛЗП, во сезоната во која се натпреваруваат најдобрите учесници од изминатите четири сезони.

 

Scroll to Top