Небото над Белград утрово беше црвено бидејќи од едната страна имаше сонце, а од друга облаци. Небесните бои многу граѓани ги оставија без здив.
Метеорологот Недељко Тодоровиќ објасни зошто небото било црвено. Тој вели дека причината е што од едната страна имало сонце, а од друга облаци.
Тодоровиќ за РТС изјави дека поради прекршување на светлината во капките облаци и снежните кристали настанало и прекршување што предизвикува појава на црвена боја.
„Се зависи од аголот на паѓање на сончевите зраци“, изјави Тодоровиќ.