Неумесни шеги на сметка на смртта на Оливер Драгојевиќ

Смртта на Оливер Драгојевиќ предизвика силни реакции во Србија. Повеќето се простија од пејачот на достоинствен начин, но има и такви кои напишаа неумесни шеги. На некои од коментарите кои ги затекнал на порталите, реагирал актерот Никола Којо.

„Значи ли тоа дефинитивно дека нема да одржи концерт во Беград?“, прашал еден од читателите.

Некој му одговорил: „Хаха, еден ден ќе одржи“. „Сега има оправдување“, додал трет.

„Какво ѓубре живее покрај нас. Помислете на тоа. Збогум прекрасен Оливер, без разлика од која вера и нација си“, прокоментирал Којо.

Неговиот коментар собрал повеќе од 1600 лајкови, но и бројни критики за оние кои не му простиле на Оливер што не сакал да одржи концерт во Србија.

 

Scroll to Top