Емина Јаховиќ стигна во Белград за да го сними спотот за новата песна, која наскоро треба да излезе, а локацијата на која видео-клипот го сними беше во текот на викендот – Нов Белград, во близина на Сава. И ништо немаше да биде за чудење, ако по снимањето, екипата на Емина не оставеше БРДО ЃУБРЕ КАКО НА ДЕПОНИЈА.
Сопствениците на сплавовите и луѓето од околните населби, здружени во организацијата „Зелениот рај“, веднаш се огласија на својата фејсбук страница, повикувајќи ги сите, да не го загадуваат Белград, и да не ја уништуваат природата и реката Сава.
Срамота е да некој остава ѓубре зад себе, уништувајќи ја природата, велат во здружението „Зелен рај“ и додаваат: „Снимањето траело со часови, па на сите кои работеа и учествуваа во спотот веројатно им била неопходна и храна и пијалоци, но она што им било неопходно да направат потоа, е да го соберат целото ѓубре и да го фрлат таму каде што истото треба да заврши, а никако да не ја оставаат депонијата зад себе, во близина на реката, во близина на населените места и сплавовите каде што живеат луѓе. Неважно е дали за ова е виновна Емина или кој било од нејзиниот тим, нема да дозволиме никој да го валка најубавиот дел од Нов Белград“, велат од здружението „Зелен рај“.