НЕВИДЕНА БРУКА! – Погледнете колкаво ѓубре остави зад себе Емина Јаховиќ по завршувањето со снимање на спотот

Поп пејачката во понеделникот со својот тим сними спот за новата песна, а ѓубрето кое го оставија зад себе, ги разбесна сите љубители на реката Сава и Белград.

Емина Јаховиќ стигна во Белград за да го сними спотот за новата песна, која наскоро треба да излезе, а локацијата на која видео-клипот го сними беше во текот на викендот – Нов Белград, во близина на Сава. И ништо немаше да биде за чудење, ако по снимањето, екипата на Емина не оставеше БРДО ЃУБРЕ КАКО НА ДЕПОНИЈА.

Сопствениците на сплавовите и луѓето од околните населби, здружени во организацијата „Зелениот рај“, веднаш се огласија на својата фејсбук страница, повикувајќи ги сите, да не го загадуваат Белград, и да не ја уништуваат природата и реката Сава.

Срамота е да некој остава ѓубре зад себе, уништувајќи ја природата, велат во здружението „Зелен рај“ и додаваат: „Снимањето траело со часови, па на сите кои работеа и учествуваа во спотот веројатно им била неопходна и храна и пијалоци, но она што им било неопходно да направат потоа, е да го соберат целото ѓубре и да го фрлат таму каде што истото треба да заврши, а никако да не ја оставаат депонијата зад себе, во близина на реката, во близина на населените места и сплавовите каде што живеат луѓе. Неважно е дали за ова е виновна Емина или кој било од нејзиниот тим, нема да дозволиме никој да го валка најубавиот дел од Нов Белград“, велат од здружението „Зелен рај“.

Погледнете што пејачката со својот тим остави зад себе:

Scroll to Top