„Невиноста ја изгубив со наставникот по математика“ – Весна Змијанац за првото сексуално искуство

Српската фолк-ѕвезда, Весна Змијанац, во едно скорешно интервју призна дека невиноста ја загубила со својот наставник по математика.

„Првиот сексуален однос го имав со мојот наставник по математика. Тој ми беше тајна љубов, на кого мислев додека одев кај мајка ми во Виена и кого едвај чекав да го видам кога се враќав назад“, рекла Весна.

Пејачката не открила колку години имала тогаш, ниту сакала да каже повеќе детали. Но, таа рекла дека секогаш кога ќе се сети на својот наставник, ѝ текнува на едни од најубавите денови од животот.

Scroll to Top