Никола Којо ќе биде водител на квизот „Најслаба алка“

Српскиот актер Никола Којо ќе биде водител на познатото квиз шоу „Најслабата алка“ во Србија. Новата верзија на квизот „Најслабата алка“, продуцирана е од ТВ Прва, Ту риверс и студио Би-Би-Си.

„Квизовите ги гледам како еден од најздравите ТВ-формати. Преку конкуренција со себе или со домашните, човекот ја прави целта во животот: да учи и да напредува. „Најслаба алка“ е квиз во кој не се толерира незнаењето. Како водител, ќе се обидам да бидам малку понежен со натпреварувачите. Се користат грешки од кои се учи“, изјавил актерот.

Во секоја епизода од квизот, девет натпреварувачи ќе се обидат да освојат сума од 5.000.000 динари одговарајќи на прашања од општо образование низ девет круга, а освоените суми ќе ги стават во банка. На крајот од секој круг, натпреварувачите ќе гласаат за членот на тимот што го сметаат за најслаба алка. На самиот крај од епизодата остануваат двајца натпреварувачи кои ќе се борат меѓу себе за победа и награда.

Scroll to Top