Српскиот пејач Никола Роквиќ и манекенката Бојана Баровиќ го очекуваат своето второ дете. Брачната двојка веќе ја има ќеркичката Леона, која се очекува наскоро да добие брат или сестра.
Бојана и Никола се запознаа на натпреварувањето Survivor во 2010 година. Велат се вљубиле на прв поглед. Се венчаа пред две години во рамки на семејството и најблиските пријатели.
Три месеци подоцна, во август 2016 година, ја добија Леона, а второто дете се очекува да го добијат во март наредната година.