Николина Пишек пет месеци по смртта на сопругот ја продаде нивната луксузна вила во Загреб

Луксузната вила на Николина Пишек-Ристовиќ и нејзиниот покоен сопруг Видојe Ристовиќ во загрепско Шестине се најде на страниците на огласите во Хрватска, а оваа куќа беше по цена од 1,7 милиони евра. Само два дена откако беше вилата ставена на оглас, го најде својот купувач.

Куќата има 420 метри квадратни и се состои од голема дневна соба, кујна со пристап до базен, три спални соби и простор за персоналот, и двор од 1460 квадратни метри  се вели во огласот. 

– Уникатна куќа лоцирана во Шестине, на мирна улица со прекрасен поглед и базен. Планираното завршување на работите е во јануари. Опремена со материјали со врвен квалитет, алуминиумска столарија, греење со топлинска пумпа, вградено подно греење низ целата куќа, систем за паметна куќа, подготовка за соларни панели, подни облоги низ целата куќа – се наведува меѓу другото во огласот.

Само два дена по објавувањето, куќата била продадена на човек кој не сакал да го открие идентитетот, пренесуваат хрватските медиуми.

Да потсетиме, Николина Пишек планирала да живее во Загреб со својот покоен сопруг Видоје. Куќата наводно ја купиле минатата година, откако во станот била отруена со јаглерод моноксид. Парот подигнал два кредита за оваа куќа.

Scroll to Top