Нина Бадриќ без шминка ја поздрави Хрватска

Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ се врати од летувањето коешто го помина во крстарење на шанското крајбрежје. Друштво ѝ правеше Александра Мељниченко, поранешна членка на српската група „Моделси“, инаку добра пријателка на Нина.

Двете беа сами на крстарење со јахтата на сопругот на Александра, а најдолго се задржаа на Ибица. Денеска нивното патување заврши, а Нина објави селфи без шминка и се пофали дека пристигнала во Загреб.

„Носам одлични спомени. Ќе се видиме пак“ напиша Нина покрај една од фотографиите.

Scroll to Top