Нина Бадриќ е мета на измамници, ги предупреди обожавателите: Не паѓајте на ова

Нина Бадриќ ги предупреди своите обожаватели дека е мета на измамници и да не наседнуваат на лажниот профил на личност која се претставува како неа.

„Не паѓајте на лажни профили! Ова е лажен профил”, напиша таа во една објава на Инстаграм каде сподели скриншот од профилот и пораките што ги испраќа лицето од него.

Инаку, пејачката моментално одмара во викендица на Хвар, а ова не е првпат да биде мета на измамници. Таа претходно ги предупреди обожавателите за измамниците кои користат лажни профили за да рекламираат производи за слабеење.

Scroll to Top