Нина Бадриќ ја раскина свршувачката

Хрватската пејачка Нина Бадриќ ја раскина свршувачката со бизнисменот Тин Брало. Таа за хрватскиот магазин „Глорија“ потврди дека веќе не се заедно, откако минатата недела одржа концерт во Загреб, а не го носеше свршеничкиот прстен.

„Вистина е дека веќе го немам свршеничкиот прстен“, рекла Бадриќ за магазинот.

51-годишниот Брало и 45-годишната Нина беа во врска една година. Тие се свршија пред четири месеци на Малдивите.

Scroll to Top