Пејачката Нина Бадриќ ги предупреди своите следбеници за измама која кружи на интернет. Таа сподели порака која ја добила од следбеник.
„Поздрав, драга Нина, кружи видео во кое даваш интервју и кажуваш дека си ослабела со некој кето прав. Ако сакаш да ми одговориш, дали тоа видео е монтажа? Затоа што во него ги нарекуваш луѓето кои вежбаат – идиоти“, ѝ напишала една жена.
Нина на тоа одговорила: „Верувам дека сте доволно паметни да знаете што е лажна вест. Ако не сте го виделе производот на мојот официјален профил за да го промовирам, тогаш претпоставувам дека ви е јасно дека јас не стојам зад тоа“.