Нина Бадриќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со нејзиниот покоен татко Симо Бадриќ, кој почина во 2014 година.
„Секогаш и засекогаш. Тато“, напиша Нина покрај заедничката фотографија во рамка во едно стори на Инстаграм.
Нина често се сеќава на својот татко Симо, кој почина во 2014 година, а преку социјалните мрежи му посветува емотивни објави. Беше многу приврзана за него и не ја крие празнината што ја чувствува во своето срце од неговото заминување.
Така таа по повод осумгодишнината од неговата смрт објави и негова црно-бела фотографија со која напиша дека многу и недостасува.
„03.08.2014- 23.08.2022. Ми недостасуваш во се. 8 години без тебе“, напишала тогаш Нина.
View this post on Instagram