Хрватската старлета Нивес Целзиус на своите фанови им се пофали со фотографија од својата мајка Мира.
„Мама и јас, тука и таму“, кусо коментирала на заедничката фотографија.
Мира на фотографијата изгледа атрактивно и младешки и им покажа на фановите дека внимава на својот изглед еднакво како и ќерка ѝ.
По објавата на фотографијата на „Инстаграм“, фановите ѝ порачаа на Нивес дека убавината ја наследила од својата мајка.