Новак Ѓоковиќ боледува од орторексија

Познатиот светски лекар Јург Хосли тврди дека Новак Ѓоковиќ е психички зависен од здрава исхрана и дека боледува од орторексија, болест која предизвикува  нарушување на организмот слично како булимија или анорексија.

„Новак е долго време на специфичен режим на исхрана која подразбира консумирање билки, а потполно исклучување на месото од исхраната. Знаев дека нема долго да издржи со ваков начин на исхрана, организмот не го поддржува тоа. Сега сите ги гледаме последиците од неговото нарушување во исхраната. Тој вид нарушување е болест наречена орторексија која навидум дејствува како здрава исхрана. Затоа Новак не е свесен за последиците“, напишал Хосли на социјалните мрежи.

„Ѓоковиќ практикува исхрана која воопшто не вклучува шеќер, а тоа е штетно за неговиот организам. Повремено спортистот почнува да чувствува голем замор, има воспаление, алергии, интолеранција на одредена храна. Тој е подложен под стрес, спие многу малку. Исцрпен е психички, чувствува нервоза“, ги опишал Хосли симптомите на болеста.

Докторот вели дека заздравувањето е возможно, но само ако Новак се врати на нормалниот начин на исхрана.

„Неопходно е да почне да внесува јаглерохидрати и шеќери, но постепено за да се навикне организмот“, рекол тој.

Scroll to Top