Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ направи пауза во кариерата, а свободното време го минува во друштво на својот син Стефан, со кој посетува само импресивни места.
Неговата сопруга Јелена е во блажена состојба и наскоро на свет ќе ја донесе нивната ќерка, а веројатно е автор на фотографијата за која Ноле откри нешто необично:
-Набљудувањето на светот низ очите на двегодишник носи толку многу боја во него, напиша Новак во описот.
Ѓоковиќ кој ја заврши сезоната со повреден лакт, најави дека ќе се закрепнува по природен пат, а сега тоа и го потврди.
Токму оваа фотографија на Ноле со црните лебеди денес го обиколи светот, а многумина ја споделија со воодушевување.