Новак Ѓоковиќ со романтична порака за сопругата Јелена

Светскит тенисер Новак Ѓоковиќ ѝ го честита роденденот на сопругата Јелена, која во средата наполни 34 години.

„Те сакаме, аморе! Ти благодарам што се вложуваш целосно и што неизмерно сакаш и даваш поддршка кога е најпотребно. Благодарен сум што те имам во животот како партнер и сродна душа“, напиша Новак на својот инстаграм-профил.

Тој сподели и фотографија од сопругата  по што следуваа и многубројни честитки од неговите фанови.

Scroll to Top