Новинарката Татјана му помогнала на Милан да ѝ го земе синот на Северина

Новинарката Татјана Војтеховски е жената која наводно му помогнала на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ да добие привремено стсрталство над синот Александар, кој кому од пред некој ден судот му го додели. Северина пак, ќе го гледа два пати во неделата и на секој два викенди.

Северина изјавила дека нејзиниот поранешен партнер имал помош од многу новинари за да ѝ го земе Александар, а меѓу споменатите е и Татјана Војтеховски.

„Милан ја зема Татјана Војтеховски за негов пијар. Таа испраќала еден куп мејлови во кои им дава точни инструкции што да пишуваат медиумите во Србија и Хрватска“, изјавила Северина.

Инаку, дел од причините поради кои Северина го изгубила старателството се:

Одбивање соработка со институциите (недоаѓање на рочиштата и неодговарање на повици од Центарот за социјална работа); На социјалната работничка и рекла дека е крава; Го прогласи својот поранешен сопруг за селанец на судење; Не дозволуваше детето да оди на училиште повеќе од еден месец; Училиштето поднело пријава за занемарување на детето; Медиумска изложеност на детето.

 

Scroll to Top