Новогодишна приказна со „Ту челос“

Светски познатите музичари Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ од дуото „Ту челос“ се главните ликови во новата божиќна кампања на брендот s.Olivier Black Label, со што ја продолжуваат нивната претходна заедничка соработка.


Едиторијалот за новата колекција го фотографираше модниот фотограф Фрањо Матковиќ.
Овој пат амбиентот е топол, но минималистички, со акцент на моделите, кои се олицетворение на современиот маж со дефиниран стилски профил.


Колекцијата се состои од елегантни парчиња што не се резервирани единствено за деловниот изглед туку може да се комбинираат и со кежуал парчиња, претежно изработени од пријатни, природни материјали како волна и комбинација на различни ткаенини и памук.

Scroll to Top