Од корона почина легендарниот пејач Ѓорѓе Балашевиќ

Еден од најпопуларните југословенски музичари, Ѓорѓе Балашевиќ, почина денес на 67 години од корона. Веста за смртта на легендарниот пејач, регионот ја дочека со неверување. Колегите и фановите се простуваат од панонскиот морнар, како што знаеше за себе да каже и самиот.

Балашевиќ пред неколку дена беше примен во болница во Белград поради воспаление на белите дробови, откако претходно неколку недели се лекуваше дома од ковид-19. Тогаш неговото семејство изјави дека очекуваат да се опорави брзо.

Роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Важеше за еден од најважните кантавтори на југословенските простори, кој ја воодушевуваше публиката повеќе од триесет години. Актер, писател и режисер, тој ја започна својата музичка кариера во групите „Жетва“ и „Ран мраз“. Во 1982 година го издаде албумот „Паб“ и оттогаш официјално започна неговата соло кариера. Тој беше под големо влијание на Мика Антиќ, додека сопругата Оливера му беше неисцрпен извор на инспирација за секој стих.

Во својата автобиографија тој напиша: „Оние кои се заљубија во мене во однос на музиката, знаат многу за мене. Оние што не ме сакаа досега и нема никогаш да ме засакаат.“

Популарниот музичар зад себе остави бројни хитови, книги, глумеше во филмови. Во кариерата издаде 14 албуми. На сцената беше секогаш скромен и забавен, заради што го обожаваа луѓето од сите генерации.

Ѓорѓе Балажевиќ повеќе од 40 години беше оженет со Оливера. Се запознаа 1970 години, кога ја неа ја напиша првата песна „Провинцијалка“. Двојката има три деца, ќерките Јована и Јелена и синот Алекса.

 

 

Scroll to Top