Српскиот фолк-пејач Аца Лукас во едно скорешно интервју откри што мисли за негативните коментари на негова сметка.
„На луѓето им е криво што не можат да живеат супер како мене, па постојано тресат глупости. Велат дека се дрогирам и претерувам. Замислете ја таа завист која одредени личности ја имаат кога гледаат дека мене ми е убаво. Всушност, јас многу добро живеам и нема да се менувам само за луѓето да добијат убаво мислење за мене“, рекол Лукас во интервју за магазинот „Хит“.